С.Арабија како домаќин ќе игра пријателски на култниот европски стадион!

308

Едноставно моќта што ја поседува Саудиска Арабија, сега и на фудбаски план, како да нема граници. Имено и официјално е потврдено дека оваа репрезентација ќе одигра две пријателски средби како домаќин на култниот европски стадион, а тоа “Сент Џејмс Парк“.

Ова го објавија и од страна на Њукасл, клуб кој е под патронат на најбогатиот човек во светот Мохамед бин Салман, кој е престолонаследник и министер за одбрана на С. Арабија. Прв човек на Инвестицискиот фонд на С. Арабија кој располага со нешто повеќе од 700 милијарди долари.

Интересно е што овој фодн контролира и четири клубови во С. Арабија и тоа Ал-Хилал, Ал-Итихад, Ал-Наср и Ал-Ахли, значи најбогатите.

Инаку мечевите се играат на 8 септември против Костарика и на 12 истиот месец против Ј. Кореја.

ПретходноМундобаскетот без дури 24 ѕвезди!
СледноПознати стартните состави: Дуро ништо не менува, Струга ТЛ против Есперанж со најсилниот состав!