Андоновски не е повеќе селектор на САД

176

Женската репрезентација на Соединетите Американски Држави остана без селектор откако од функцијата се повлече македонскиот стратег Влатко Андоновски. Тој не успеа да ја одбрани светската титула откако испадна од Мундијалот во осминафиналето по елиминацијата од Шведска на пенали.

„ЕСПН“ и „Атлетик“ пренесуваат дека Андоновски нема да продолжи да ја обавува селекторската функција на клупата на САД, се очекува тоа официјално да го потврди и Фудбалската федерација.

Андоновски седна на клупата на САД во октомври 2019 година. Тој требаше да направи безболна смена на генерациите и да продолжи да го покорува светот. Но не беше така. На СП тимот отиде без неколку клучни играчи поради повреди, нивните замени не се вклопија најдобро.
Македонскиот стратег си заминува по три победи од 10 меча на најголемите турнири – две на Олимписките игри 2021 и една на СП 2023 година. На половина од тие мечеви тимот не постигна ни гол.

ПретходноБуњамин Шабани: Сите во Струга ТЛ веруваме дека можеме да се пласираме во плеј-офот!
СледноГвардиола саркастичен: Ви благодарам што ни овозможивте да играме во сабота, a не во недела