Арбтрим Ќира-претседателот на Струга ТЛ: Браво за момците, ова е фантастичен успех, не застануваме тука…сакаме групна фаза!

1159

Еден од најсреќните во таборот на Струга ТЛ, по овој фантастичен успех, секако дека беше и Арбтрим Ќира, претседателот на Сруга ТЛ,тим кој со својот успех и пласман во плеј-офот во ЛК, ги израдува сите фудбалски фанови во нашата земја.

Ќира за “Спортспорт“ изјави:

„ А, што да се каже по еден ваков фантастичен успех. Освен едено големо браво за играчите и за стручниот штаб, но и за сите во клубот, од мое лично име и од името на семејството Ќира како сопственици на клубот. Беше тешко вечерва во Луксембург,но ете, одигравме херојски и сега заслужено ја минавме и оваа пречка.Ноне застанува тука, еве кажувам дека сакаме и групна фаза. Со овие момци се е можно“ изјави Ќира.

ПретходноСтруга ТЛ е ЧУДО: Сега на ред е Бреидаблик во историска битка за групна фаза!
СледноНавивачки нереди во Марибор, мечот беше прекинат, па продолжи со испразнети трибини (ВИДЕО)