Арсенал без Тимбер до пролетта идната година

83

Вицешампионот на Англија – Арсенал потврди дека повредата на Јуриен Тимбер е сериозна и ќе треба да оди на операција поради скинати предни вкрстени лигаменти. Тоа значи дека фудбалерот кој летово им се приклучи на „топчиите“ ќе отсуствува меѓу шест и осум месеци.
Тоа значи дека холандскиот фудбалер ќе се врати на терените најрано на пролет идната година.
Тимбер се повреди на мечот со Нотингем Форест во првото коло од новата сезона во Премиер лигата. Тој одигра 50-тина минути.

ПретходноОва се сите “лудории“ кои Нејмар ги барал и ги добил од Ал Хилал!
СледноКазорла по 20 години се врати во матичниот клуб, ќе игра за „минималец“