И Боно во Ал Хилал – за три години ќе заработи 45 милиони евра

176

Мароканскиот чувар на мрежата Јасин Боно ќе игра за Ал Хилал од Саудиска Арабија. Четирикратниот азиски шампион по Нејмар ангажираше и квалитетен голман кој доаѓа од редовите на Севиља за сума од 21 милион евра. Боно, за кого се интересираа неколку европски клубови, оди во Ал Хилал каде што ќе потпише тригодишен договор вреден 15 милиони евра по сезона.
Боно во Севиља дојде во 2019 година од Џирона, претходно играше за Б тимот на Атлетико Мадрид и за Видад Казабланка.
Ал Хилал ова лето ги донесе Нејмар, Малком, Рубен Невеш, Сергеј Милинковиќ Савиќ, Калиду Кулибали.

Ал Хилал се интересираше и за напаѓачот Лукас Зелински од Наполи, но неочекувано, доби „корпа“ од полскиот фудбалер. Наводно, тој сакал да остане во Неапол и одлучил да преговара за нов договор со шампионот на Италија.

Па клубот се свртел кон српскиот напаѓач Александар Митровиќ од Фулам.

 

ПретходноГалатасарај со уште еден голем трансфер, ја донесе мароканската ѕвезда
СледноВетеранот Крул ќе брани за Лутон