Романтика се уште постои во фудбалот. Таков пример е легендарниот шпански играч за врска Санти Казорла кој одлучи по 20 години да се врати во матичниот клуб, Реал Овиедо. Тој ги помина младинските категории на Овиедо, а во 2003 година одлучи да ја гради кариерата во Виљареал. Играше и за Малага, Арсенал, а последен клуб пред да се врати во Шпанија му беше Ал Сад од Катар.
Казорла ќе игра за минимална плата која е пропишана во статутот на Фудбалскиот сојуз на Шпанија. Овој 38 годишен фудбалер има и 81 настап за Шпанија и 15 погодоци.
🧙#RealOviedo 🔵⚪ pic.twitter.com/6AdyFH2diG
— Real Oviedo (@RealOviedo) August 16, 2023