МЗТ Скопје закажа четири меѓународни и една домашна контрола

189

Македонскиот првак ја објави агендата на пријателски натпревари пред стартот на сезоната. МЗТ Скопје ќе одигра пет меча, од кои три со странски екипи и една со домашна.

„Во пресрет на официјалниот старт на подготовките за новата сезона закажан за следната недела, тренерот Васко Атанасов го дефинира распоредот на подготвителни натпревари преку кои плаво-белите момци ќе ја брусат формата за одбрана на двојната домашна круна за нападот на врвот од АБА2.
Договорени се пет пресметки, кои ги почнуваме со гостување кај традиционално силниот грчки тим Арис, а завршуваме со двомеч во „Јане Сандански“ против бугарски Рилски спортист. Помеѓу овие три средба ќе одиграме уште два натпревари исто така на домашен терен против косовскиот состав Пеја и нашиот Гостивар“, известија од таборот на МЗТ Скопје.

ПретходноВардар ангажираше млад и талентиран голман
СледноГласовите на „спортспорт“ за Халанд, Кевин де Брујне и Меси