Мундобаскетот сè уште не започнал, но горчливиот вкус околу него веќе може да се почувствува. Мундијалот се очекуваше да биде збир на најдобрите кошаркари на денешницата, но за жал од различни причини многу ѕвезди нема да бидат дел од овој спектакл.
На СП кое од 25 август до 10 септември ќе се одржи на Филипините, Јапонија и Индонезија, ќе биде без 24 врвни кошаркари од Истокот, ако не ја сметаме селекцијата на Соединетите Американски Држави, што е карактеристично за доаѓањето на глобалниот собир без најголемите ѕвезди.
Списокот на отсуства започнува со најдобриот кошаркар на денешницата, Никола Јокиќ, кој минатата сезона ги предводеше Денвер Нагетс до НБА прстенот. Освен Јокиќ, Србија ќе биде ослабена со неиграњето на Василија Мициќ и Никола Калиниќ.
Покрај Србија, на Мундобаскетот драстично ќе биде ослабена и Грција. Кај Грците нема да игра двократниот МВП на НБА лигата, Јанис Адетокумбо, а се повлекоа и двајцата ветерани Ник Калатес и Костас Слукас.
На репрезентацијата нема да и помогне најголемата ѕвезда на летонската кошарка Кристапс Порзингис, а во Азија нема да го видиме ниту соиграчот на Јокиќ од Денвер, Џамал Мареј.
Шпанците на турнирот ќе одат без двајцата најдобри плејмејкери Рики Рубио и Лоренцо Браун, додека Литванците ја немаат НБА ѕвездата Домантас Сабонис, искусните евролигаши Панатинаикос Мариус Григонис и новото засилување на Звезда Рокас Гидраитис.
Ниту Французите нема да бидат комплетни на Мундобаскетот. „Галските петли“ ќе останат без помошта на првиот пик од годинешниот драфт во НБА, Виктор Вембанијама и Френк Нтиликина, кој летово беше поврзуван со Звезда и Партизан, а на крајот го избра Шарлот Хорнетс.
И отсуствата не завршуваат тука. Италија ќе остане без помошта на Ник Манион од Басконија, Јапонија без својот најдобар играч Руи Хачимура, НБА победникот Влатко Чанчар се повреди за Словенците, Германците не можат да сметаат на Макси Клебер од Далас, а Доминиканската Република некако ќе мора да се снајде во отсуство на ветеранот Ал Хорфорд.