Навивачки нереди во Марибор, мечот беше прекинат, па продолжи со испразнети трибини (ВИДЕО)

746

На реваншот од третото прелиминарно коло од Конференциската лига меѓу Марибор и Фенербахче дојде до жестока тепачка на трибините, па судијат амораше да го прекине натпреварот. Во средината на вториот дел од натпреварот дојде до прекин, откако настана тепачка меѓу навивачите кои се симнаа од трибините и тргнаа едни на други.

Група гостински навивачи излезе од нивниот сектор и ги нападна навивачите на Марибор на источната трибина. По неколку минути полицијата успеа да ја смири ситуацијата, но натпреварот не продолжи и прекинот траеше прилично долго. На крајот мораше да се испразни делот од трибините каде се наоѓаа гостите од Турција, па натпреварот продолжи. Фенербахче на крајот славеше со 3:0.

ПретходноАрбтрим Ќира-претседателот на Струга ТЛ: Браво за момците, ова е фантастичен успех, не застануваме тука…сакаме групна фаза!
СледноПроблем за Чави: Се повреди Араухо, следува подолга пауза?