Изминатата сезона во Премиер лигата беше исклучително квалитетна и уште еднаш се докажа дека фудбалот кој се игра во Англија е убедливо најквалитетниот во светот.
Па така, сега е време да се изберат најдобрите, а во конкуренција за ТОП играч на годината во Премиер лигата влегуваат шестмина играчи.
Секако, најмногу има од Манчестер Сити, тројца, а тоа се Џон Стоунс, Ерлинг Халанд и Кевин Де Брујне.
Следува сега веќе играчот на Баерн Минхен, Хери Кејн, кој го носеше дресот на Тотенхем, а а квотата се пополнува со двајцата најдобри фудбалери на Арсенал, Букајо Сака и Мартин Одегард.