Да, да. Оваа Струга ТЛ е фудбалско чудо.Ова е херојска Струга ТЛ. Иако вечерва нашите момци беа поразени со 2:1 од Есперанж, сепак испишаа историја. Сега Струга ТЛ е на чекор од нешто навистина големо, многу ГОЛЕМО.
Следува двомеч со Бреидаблик од Исланд и подобриот оди во групна фаза. Оваа шанса Струга Трим Лум не смее,едноставно не смее да ја испушти.
Стружани и досега испишаа историја, но сега се влегува во вечноста.
Струга ТЛ сака, Струга ТЛ може и Струга ТЛ ќе се обиде да дојде до нешто ФАНТАСТИЧНИ.
За парите да не правиме муабет…
Ете така се игра во Европа.
Уште еднаш. БРАВО за сите во редовите на нашиот шамион.
Струга ТЛ и вистински го обели образот во фудбалска Европа.
Овие два натпревари се играат на 24 и 31 август,на првиот нашиот шампион е домаќин.