Шведски Гуиф ја совлада Струга со 23:22 во вториот денешен меч во рамките на 51. Издание на Струшкиот ракометен турнир. Мечот донесе одличен ракомет и возбудувања до самиот крај, но гостите имаа повеќе нерви и дојдоа до посакуваната победа.
По нерешените 11:11 во првиот дел, Струга поведе на стартот на второто полувреме, но потоа гостите успеаја да дојдат до предност и истата умешно да ја одржуваат до крајот на средбата.
Претходно во првиот меч екипата на АЕК Атина во неизвесен финиш славеше против Динамо Панчево со 26:25.