Гласовите на „спортспорт“ за Халанд, Кевин де Брујне и Меси

150

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) го објави потесниот список на кандидати за најдобар играч и тренер во сезоната 2022/2023 кои ќе бидат прогласени на крајот на овој месец.

Нашиот новинар Игор Д. Ивановски секоја година учествува во гласањето за најдобрите, и од лице место ја следи оваа церемонија веќе со години.

Во трката за најдобрите остануваат три имиња – Кевин де Брујне, Лионел Меси и Ерлинг Халанд, а токму гласовите од нашата редакција отидоа на истата адреса.

Во делот на тренер секако првото место и најверојатно наградата ќе оди во рацете на Пеп Гвардиола. Неговите ривали се Лучијано Спалети и Симоне Инзаги.

ПретходноМЗТ Скопје закажа четири меѓународни и една домашна контрола
СледноШампионот испишува историја: Струга ТЛ е на 90.минути до плеј-офот во ЛК!