Десетина „црни“ минути го чинеа Е. Пелистер втор пораз на турнирот во Добој

214

Ракометарите на Е. Пелистер го претрпеа и вториот пораз на ТВ Турнирот на шампионите во Добој, откако вечерва загубија во дуелот со француски Монпелје со 29:26.

Во меч во кој битолчани влегоа одлично и во тој ритам го одиграа цело прво полувреме, пресудни беа црните десетина минути на стартот на вториот дел во кој францускиот тим направи разлика од 8 гола, која до крајот на мечот „пелистерци“ не можеа да ја стопат. Монпелје замина на пауза со предност од 12:11, а од стартот на вториот дел успеаја да ги фатат нашите шампиони на „спиење“ и го решија мечот.

Во денешните два претходно завршени натпревари на турнирот Војводина со 25:22 го совлада Загреб, додека домаќинот Слога Добој убедливо загуби и од Ал Ахли со 50:26. Вечерва ќе играат и Барселона – Целје.

ПретходноПолувреме: Бесарт “тресе“, Струга ТЛ води, Радески доби директен црвен! (ВИДЕО)
СледноФантастична асистенција на Алиоски за гол на Ибанез (ВИДЕО)