Шампионот испишува историја: Струга ТЛ е на 90.минути до плеј-офот во ЛК!

370

Вечерва некаде околу 22 часот или нешто повеќе после тоа ќе дознаеме дали нашиот шампион, тимот на Струга ТЛ ќе испише нов историски момент во оваа 2023 година. Имено стружани ги дели само 90.минути од фантастичен успех, од пласман во плеј – офот во Лигата на Конференции.

May be an image of 2 people, people playing soccer, people playing football and text

Вечерва на стадионот “Стаде Луксембург“ во Луксембург, од 20 часот, четата на стратегот Шпетим Дуро ќе го одигра реваншот од 3.квалификациско коло во Лигата на Конференции и тоа на гости кај Есперанж.

Познато е дека на првиот меч, по онаа блескава партија, зачинета со хет-трик, на Бесарт Ибраими нашиот тим победи со 3:1. И затоа вечерва на Струга ТЛ и одговара и пораз од еден гол разлика. Нашиот тим влегува на вечерашниот меч со солидна предност.

Но така никој не мисли во тимот, во стручниот штаб. Сите велат дека Струга ТЛ нема да отстапи од својата препознатлива игра, а таа е напад и само и напад и на гол повеќе.

May be an image of 6 people, people playing soccer and people playing football

Ќе биде прекрасно да се повтори оној резултат од Подгорица пред две недели кога беше 3:4 за стружани, но сега се е поинаку. Сега Струга ТЛ е пред голем, огромен успех, па ако сака нека биде и 1:0 за домашниот тим, само Струга ТЛ да оди натаму. Тоа е најважно.

Нема што премногу да се елаборира. И Дуро и Бесарт, Радески, Шабани, Бојку, Ќосевски, Незири и останатите знаат дека вечерва ќе биде најважно да се издржи тој почетен притисок од домашниот состав во тие воведни 15-20 минути, во тој период не треба да се прими гол, потоа се ќе биде полесно. Секако дека Ибраими и Радески ќе имаат свои шанси во текот на мечот па со еден или два гола вечерва и дефинитивно го откажат Есперанж од било каква намера дека можат да слават со два или повеќе голови разлика против нашиот тим.

И да, на крај да кажеме дека ова за Струга ТЛ во нејзината историја ќе биде четврто гостување во Европа. На претходните три немаше пораз, една победа и две ремија, па нека биде така и вечерва, нека продолжи традицијата.

ПретходноГласовите на „спортспорт“ за Халанд, Кевин де Брујне и Меси
СледноОмер Буњаку ќе го води Балкани!