Љуљзим Имери ќе биде новиот спортски директор на Шкендија?!

1324

Како што дознава „Спортспорт“, Љуљзим Имери ќе биде новиот спортски директор на Шкендија. Нашите информации велат дека тој набргу и официјално треба да ја преземе функцијата, и да биде промовиран, во еден од нашите најтрофејни фудбалски клубови и клуб кој што во последните 5-6 години има убедливо најголем буџет, но не и успеси како што посакуваат бријните фанови на Шкендија.

Имери доаѓа на местото на Харун Иса кој успеа да се задржи само една година, по што од Шкендија му врачија отказ иако тоа беше кажано како да истекол договорот. Со него од клубот си заминаа и Скендер Јонузи и Ибрахим Османи. Дел од раководната структура на Шкендија веќе подолго време беше токму и Имери, но сега тој ќе биде спортски директор.

Да кажеме дека Имери во 2014/15 беше претседател на Шкендија официјално, а потоа и во неколку наврати на повеќе функции беше в.д.

ПретходноСудии за ПМФЛ: Трпчевски ќе им суди на Воска и Вардар, Стојчевски “главен“ на скопската пресметка!
СледноВардар ангажираше млад и талентиран голман