Галатасарај со уште еден голем трансфер, ја донесе мароканската ѕвезда

481

Турскиот гигант Галатасарај донесе уште еден фудбалер во своите редови ова лето. По Икарди, Заха, Тете, Демирбај, Анхелино и Бакамбу, истанбулскиот клуб се засили со мароканската фудбалска ѕвезда Хаким Зијеш.
Галатасарај нема да плати обесштетување на Челзи, а фудбалерот ќе потпише договор до 2025 година и ќе заработува по 4,5 милиони евра по сезона.
Мароканецот требаше да оди во Ал Наср меѓутоа поради повреда на коленото трансферот не се случи. Во турскиот клуб тој ги помина прегледите, од таму оценија дека нема да има проблем околу коленото и доби залено светло за трансфер.
Пред Челзи, Зијеш играше за Ајакс.

ПретходноГвардиола саркастичен: Ви благодарам што ни овозможивте да играме во сабота, a не во недела
СледноИ Боно во Ал Хилал – за три години ќе заработи 45 милиони евра