Гвардиола саркастичен: Ви благодарам што ни овозможивте да играме во сабота, a не во недела

435

Манчестер Сити го освои трофејот од Суперкупот на Европа елиминирајќи ја Севиља по подобро изведување на пеналите. Мечот се играше во среда во Атина, а следниот меч на „граѓаните“ е во сабота против Њукасл на „Етихад“ во рамките на 2. коло на Премиер лигата.

А Гвардиола на пресот ја прозва Премиер лигата за напорите да го закаже мечот во сабота, а не во недела или понеделник. Шпанецот алудираше на тоа дека неговиот тим има малку време за да се подготви за престојниот натпревар.
Треба да се рехабилитираме што е можно побрзо. Од овде, од Грција, и се заблагодарувам на Премиер лигата што ни овозможи да играме во сабота, а не во недела или понеделник. Ви благодарам многу за напорите“, саркастичен беше Гвардиола.
Задоволни сме што го освоивме трофејот. Овој трофеј го немавме, а сега го имаме. Мечот беше тежок, сличен на финалето на ЛШ против Интер. Сега се враќаме на домашните обврски, да бидеме што е можно подобри. Во декември не очекува нов предизвик – клупското СП во Саудиска Арабија“, додаде Шпанецот.
Сити на стартот на сезоната остана без Кевин де Брујне кој ќе паузира меѓу шест и седум месеци поради повреда.

ПретходноАндоновски не е повеќе селектор на САД
СледноГалатасарај со уште еден голем трансфер, ја донесе мароканската ѕвезда