Од 23 до 26 август во организација на ГРК Охрид, а под покровителство на Општина Охрид, во спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид ќе се одржи второто издание на меморијалниот турнир во „Крсте Андоновски“ со меѓународен карактер.
Од страна на домаќинот го објавија распоредот. Ќе чествуваат осум екипи, меѓу кои учесници во Лигата на шампиони и СЕХА лигата, како и актуелни шампиони на своите држави, распоредени во две групи.
Карта за еден меч чини 100 денари, а блок карти за целиот турнир 500 денари. Истите ќе можат да се купат од понеделник, 21 август на билетарата при спортската сала „Билјанини извори“.
Снимки од натпреварите ќе се емитуваат секој ден на МТВ 3, после 22 часот.