Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) го објави потесниот список на кандидати за најдобар играч и тренер во сезоната 2022/2023 кои ќе бидат прогласени на крајот на овој месец.
Нашиот новинар Игор Д. Ивановски секоја година учествува во гласањето за најдобрите, и од лице место ја следи оваа церемонија веќе со години.
Во трката за најдобрите остануваат три имиња – Кевин де Брујне, Лионел Меси и Ерлинг Халанд, а токму гласовите од нашата редакција отидоа на истата адреса.
Во делот на тренер секако првото место и најверојатно наградата ќе оди во рацете на Пеп Гвардиола. Неговите ривали се Лучијано Спалети и Симоне Инзаги.
🥇 NOMINEES: UEFA Men’s Player of the Year 2022/23 ✨
🇧🇪 Kevin De Bruyne
🇳🇴 Erling Haaland
🇦🇷 Lionel MessiAll #UEFAawards winners will be announced at the #UCLdraw on 31 August.
— UEFA (@UEFA) August 17, 2023