Хаос во Гостивар: Танушев, Ѓурѓевиќ и Мехмедовиќ не се веќе фудбалери на овој тим!

3422

Се чини дека бадијала парите, бадијала фактот дека се истурени стотици илјади евра за нови играчи во летниот преоден рок, се купуваше и тоа на ангро, ако не знаеш да водиш клуб или тим.

Така и во Гостивар. По двата стартнтни порази во ПМФЛ, од Струга ТЛ на гости и посебно оној дома од Тиквеш со 0:3, се случува вистински хаос во клубот, барем такви се нашите сознанија и тоа од “прва рака“. Секој секого обвинува, а цехот платија Ѓорѓи Танушев, Фахрудин Ѓурѓевиќ и Зехрудин Мехмедовиќ. Сиоте тројца се тргнати од првиот тим и веќе не се членови на Гостивар. Исто така дознаваме дека “чистката“ нема да запрела тука, на пик се најмалку уште 4-5 играчи.

Инаку Гостивар во недела гостува во Штип каде ќе ги одмери силите со Брегалница во меч од 3.коло во ПМФЛ.

ПретходноШортс ја потврди својата класа и во македонското сивило!
СледноФК Тетекс со одговор до Општина Тетово: Тетекс ќе игра на Градски, ќе победи и во оваа битка!