Бабунски на клупата на Вардар за дуелот со Воска

1947

Турбуленции во Вардар пред мечот со Воска спорт од 3 коло што ќе се игра во недела. Спортскиот директор Александар Бајевски соопшти дека се повлекува од функцијата, а неофицијално и Бобан Грнчаров нема да биде тренер на екипата.
Дознаваме дека на неделното гостување во Охрид против Воска, четата на Вардар ќе ја предводи Бобан Бабунски. Тој е координатор на младинската школа на „црвено-црните“.
Да потсетиме Вардар ги загуби првите два дуели од новата сезона во ПМФЛ. Доживеа пораз во Струмица од Брера, а потоа и од Шкупи во Маџари.

ПретходноАл Наср лошо ја почна сезоната, втор меч – втор пораз (видео)
СледноБаерн отвори со победа во Вердер, деби гол на Кејн (видео)