Интер пред нос им го краде Павар на Манчестер Ј. и Арсенал?

219

Дефанзивецот на Баерн Минхен, Бенџамин Павар, на крајот на летната трансфер сага може да заврши во тимот на Интер и покрај сериозниот интерес кој за Французинот го имаат англиските тимови, Манчестер Јунајтед и Арсенал. „Црвените ѓаволи“ веќе испратија понуда за дефанзивецот која беше одбиена од раководството на германскиот клуб.

Изненадувачки во борбата за потписот на Павар се вклучи и Интер. Италијанскиот клуб испрати и своја официјална понуда до Баерн, која во моментов се разгледува. Понудата на Италијанците е во висина од 25 милиони евра.

Интересно е што Французинот ја прифатил понудата за личните услови која до него ја испратиле од Интер, па тоа веројатно сега го прави миланскиот гигант фаворит за неговиот потпис.

ПретходноПознат „возниот ред“ на новата НБА сезона: Денвер тргнува против Лејкерс, Лука против Вембањама
СледноФелипе Маса ја тужи Формула 1 и бара да биде прогласен за шампион во 2008 година!?