Македонија У-17 ќе игра пријателски со Кипар, а Македонија У-15 против Турција!

261

Младата репрезентација на Македонија до 17 години на 22 и 24 август ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Кипар. 

Контролните мечеви ќе бидат одиграни во Струмица со почеток во 17. часот. Дополнително ќе биде утврден теренот на кој ќе се одиграат двата натпревари.

Селекторот на младата репрезентација на Македонија, Дашмир Беари, за претстојните предизвици, се одлучи да ги повика следните фудбалери:

Голмани: Давид Илоски (Академија Пандев), Онур Бесир (Шкендија);

Одбрана: Златко Радевски (Вардар), Игор Ристов (Брера А..П.), Никола Ангелов (Брера А.П.), Артан Исмаили (Шкендија), Лука Атанасовски (Вардар), Милош Спасовски (Вардар), Емир Шаботиќ (Вардар);

Среден ред: Марко Киш (Њу Старс), Здравко Перески (Брера А.П.), Каменчо Андоновски (Работнички), Албион Муслиу (Шкендија), Алмир Јакупи (Арау, Швајцарија), Ариф Локи (Хвидовре, Данска);

Напад: Адмир Латифи (Македонија Ѓ.П.), Флорим Далипи (Фац Виена, Австрија), Хисар Али (Шкендија), Беркај Шаини (Работнички), Лука Макаловски (Македонија Ѓ.П.), Един Атоски (Јанг Бојс, Швајцарија);

Собирот на младата репрезентација на Македонија предводена од Дашмир Беари е на 20 август, во 9 часот.

Младата репрезентација на Македонија до 15 години на 22 и 25 август ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Турција.

Двете пријателски средби ќе бидат одиграни во Истанбул, Турција.

Првиот контролен меч на програмата е на 22 август со почеток од 18. часот. Три дена подоцна се игра втората контролна пресметка помеѓу овие две репрезентации, во исто време.

Составот на младата репрезентација на Македонија главно се состои од играчи што се дел од ФФМ Академијата.

Селекторот на репрезентацијата на Македонија до 15 години, Драган Начевски за претстојните натпревари, се одлучи да ги повика следните фудбалери:

Коста Стојановски, Херолинд Реџепи, Ринор Цека, Дадијан Денковски, Фадиљ Исламовиќ, Ердин Мамути, Стефан Јорданоски, Гројан Петковски, Лука Лазаревски, Антонио Сталески, Мартин Џангаровски, Стефан Темелков, Лука Георгиоски, Матеј Петков, Сеит Руфати, Антонио Атанасов, Бленди Љачка, Херолид Селими, Мартин Атанасовски, Бојан Митушкоски, Ахмет Сејдини, Јане Симоновски, Стефан Петровски, Андреј Цветковски, Михаил Митревски, Аријан Рамадани, Аријан Џафери, Марко Божиноски, Јаков Стојковски, Матеја Масев;

Собирот на репрезентацијата на Македонија до 15 години е закажан на 20 август, во Фудбалската федерација на Македонија.

ПретходноСе огласи и поранешниот претседател на ФК Љуботен: Вистинските сопственици не можат да играат на своите стадиони!
СледноФљамур Таири – капитенот на Струга ТЛ: Ова се историски моменти за клубот, за сите нас…сакаме пласман во групна фаза!