Тимот на Нотингем Форест го совлада Шефилд Јунајтед со 2:1 на отворањето на 2.коло на Премиер лигата. „Шумарите“ стигнаа до трите бода со гол на Крис Вуд во 90. минута.
Резултатот го отвори Авонији во 3. минута од мечот (ВИДИ ОВДЕ). Повратникот во најсилната англиска лига изедначи со прекрасниот гол на холандскиот играч за врска Густаво Хамер на стартот на второто полувреме (ВИДИ ОВДЕ).
До првата победа сезонава Нотингем стигна во 90 минута кога нововлезениот Вуд ја затресе мрежата (ВИДИ ОВДЕ). И за двата гола асистент беше Серж Орие.
Шефилд Јунајтед го запиша вториот пораз. Освен од Нотингем загуби и од Кристал Палас.
Нотингем идното коло ќе игра со Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“, а Шефилд ќе игра дома со Манчестер Сити.