Ал Наср лошо ја почна сезоната, втор меч – втор пораз (видео)

380

Ал Наср, еден од фаворитите за титулата во Саудиска Арабија, со два порази од два меча ја почна новата сезона во Саудиска Арабија. Освојувачот на арапската Лига на шампиони не се прослави на денешниот дуел со Ал Тавон од кого загуби со 0:2 на домашен терен.
Четата предводена од Роналдо, Мане и Брозовиќ не успеа да го најде патот до мрежата на гостите кои патем ја забележаа првата победа сезонава.
Скромниот тим од Бурада славеше со головите на Тавамба во првото полувреме и на Бахусајн во финишот на мечот. Ал Наср во првото коло изгуби од Ал Етифах.

ПретходноАстон Вила го објави трансферот на Заниоло
СледноБабунски на клупата на Вардар за дуелот со Воска