Вардар 1961 преку Гуиф завери финале во Струга

140

Вардар 1961 се пласираше во финалето на меѓународниот турнир во Струга, откако го совлада Гуиф со 28-26 (14-10). Ова беше втора победа за „црвено-црните“ после Струга на стартот на турнирот.

Мартин Томовски беше главна карика на Вардар 1961, зад своето име запиша 14 интервенции. Петриќ имаше седум гола, пет имаше Јагуриноски и четири Лазаревски.

Избраниците на Владо Недановски не видоа мака против шведскиот тим, барем во првото полувреме по кое имаа предност од четири гола (14-10), во воведот на вториот период кога по само осум минути во вториот со голот на Јагуриноски поведе со 19-13, беше и 21-15.

Но, вардарци наместо да „згазат“ застанаа. Кога се чинеше дека тука ќе биде крајот на мечот, противникот врати со серија од 7-1 за 22-22 во 50. минута. Вардар го прекина молкот, успеа да дојде на плус еден, но драмата не изостана.

Томовски беше на ниво на задачата, Карапалевски со првиот погодок и Лазаревски го донесоа својот тим на посигурни 26-23 во 55. минута. На крајот „црвено-црните“ го издржаа притисокот и дојдоа до посакуваниот триумф.

Кој ќе биде противник на Вардар 1961 во финалето ќе биде познато по дуелот меѓу македонскиот вицепрвак Алкалоид и АЕК, кој е закажан со почеток во 20:30 часот.

ПретходноШкендија заедно со Шабан Трстена гости во Вил
СледноШахтјор Доњецк мечевите како домаќин во ЛШ ќе ги игра во Хамбург! (ФОТО)