Газета Дело Спорт: Спалети ќе ја води Италија во Скопје против Македонија

120

Според денешното издание на Газета Дело Спорт, Лучиано Спалети е новиот селектор на репрезентацијата на Италија. Искусниот стратег со кого тимот на Наполи пред само три месеци го освои Скудетото во Серија А, се решава да ја преземе селекторската функција, која што досега ја имаше Роберто Манчини.

Италијанскиот фудбалски сојуз се решава очиглендо за проверено решение, кое што ќе дебитира на клупата на Италија, токму во Скопје против Македонија на 9. септември во рамките од квалификациите за ЕВРО 2024.

Спалети сеуште има активен договор со тимот на Наполи, и ќе мора да се најде заеднички јазик околу одштетата, но секако дека тоа во моментов е споредна работа.

 

 

ПретходноПрвиот човек на европската одбојка Боричиќ доаѓа во Скопје на отворањето на ЕП 2023
СледноСПОРТУВАЈ СО НАЈДОБРИТЕ: БРЕНД АМБАСАДОРОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, КИРЕ ЛАЗАРОВ СПОРТУВАШЕ СО ДЕЦА ВО ОХРИД