Жоао Феликс оди на позајмица во Барселона

206

Очигледно дека сагата околу иднината на Жоао Феликс добива завршница. Атлетико Мадрид најверојатно ќе го испрати својот напаѓач на позајмица во Барселона. Феликс веќе одработи една во тимот на Челзи каде што не се покажа премногу, па ете сега очигледно дека ќе проба да се докажува и на Ноу Камп.

Она што е многу важно да се каже во моментов е дека самиот фудбалер во интервју рече дека Барселона е единствениот клуб каде што во моментов сака да игра, а тоа го поткрепи и првиот човек на Каталонците, Жоан Лапорта со изјава дека Феликс е еден од приоритетите во моментов.

Жорж Мендеш има клучна улога во преговорите. Агентот на Фелиск е во одлични односи со новиот спортски директор на Барса, Деко.

Атлетико исто така е задоволен што конечно ќе се најде излез од ситуацијата околу најскапото засилување во историјата на клубот. Диего Симеоне нема намера да го игра Феликс, а навивачите го исвиркуваа на првиот меч од Примера сезонава.

 

ПретходноДибиров: Сакав кариерата да ја завршам во Скопје! Ниту јас, ниту Вардар сакавме да се разделиме!
СледноКонечно насмевки: По 82 дена во болница голманот на ПСЖ е пуштен на домашно лекување!