Килијан Мбапе беше избркан од ПСЖ пред почетокот на турнејата во Јапонија, не беше во тимот ниту против Лориен (0:0) во првото коло од Лига 1, но сега е вратен пред гостувањето во Тулуз, кое беше потврди и самиот тренер Луис Енрике.
Во Тулуз патува и Осман Дембеле, кој дојде од Барселона и би можел да дебитира за својот нов тим.
Тренерот Луис Енрике на прес-конференцијата посочи дека Дембеле е подготвен за игра и многу е можно тој да биде стартер.
Летниот преоден рок трае до крајот на август, а се уште не е познато дали богатиот париски клуб ќе донесе уште играчи и дали ќе има нови заминувања.