Мец и со играч помалку му „oткина“ бод на Марсеј

86

Олимпик Марсеј, еден од кандидатите за титулата во Лига 1 направи кикс во второто коло на француската Лига 1. По стартната победа над Ремс (2:1), вечерва Марсеј спаси бод на гостувањето кај Мец со тоа што одигра 2:2.
Тимот од југот го откри резултатот во 14. минута со голот на Сољо на асистенција на Обамејанг.
Мец од 59 минута играше со фудбалер помалку поради црвениот картон на Ло. Меѓутоа домашните во таква ситуација направија пресврт со головите на Сабали и Микутадзе.
Марсеј успеа да извлече бод со гол на Витиња во 82 минута.
Мец го впиша првиот бод сезонава затоа што пред една недела доживеа дебакл од Рен (5:1).

ПретходноНотингем со гол во 90. минута стигна до првата победа во Премиер лигата (видео)
СледноЃоковиќ на српски опомена фан во публиката: Молчи (ВИДЕО)