Ненад Мишковски: Вардар има обврска на секој меч да оди на победа

243

Тимот на Вардар по враќањето во ПМФЛ шампионатот сезонава, имаше тежок старт. Загуби на гостувањето во Струмица кај Брера, а потоа и на домашен терен против Шкупи.

По две кола има нула бодови, а сега оди на гости кај тимот на Воска во Охрид. Еден од најјискусните во тимот, стоперот Ненад Мишковски смета дека ситуацијата ни оддалеку не е сериозна, минати се само две кола и дека допрва треба да се поправат нештата.

„Обврска на Вардар е да оди на победа на секој меч, така ќе биде и во Охрид. Работиме добро, атмосферата и заедништвото е на високо ниво, и покрај негативниот старт на сезоната. Веруваме во себе, среќата не не посака на првите два меча но напредуваме, на секој следен меч ќе растеме како екипа, а со тоа ќе дојдат и победите. Ги повикуваме нашите навивачи Комитите, да дојдат во Охрид и да не бодрат како што тоа го правеа до сега“ – изјави Мишковски.

ПретходноФљамур Таири – капитенот на Струга ТЛ: Ова се историски моменти за клубот, за сите нас…сакаме пласман во групна фаза!
СледноНЕ МОЖЕ ДА ОДИ ВО ТОАЛЕТ БЕЗ НЕГО: Бекам ангажираше човек кој го следи Лео дури и покрај терен (ВИДЕО)