НЕ МОЖЕ ДА ОДИ ВО ТОАЛЕТ БЕЗ НЕГО: Бекам ангажираше човек кој го следи Лео дури и покрај терен (ВИДЕО)

649

Најдобриот фудбалер на сите времиња Лионел Меси летово пристигна во Интер Мајами и за кратко време направи „бум“, а воедно го популаризираше фудбалот во САД.

Аргентинецот на почетокот се надеваше дека може да живее опуштено, но за кратко време сфатил дека на секој чекор ќе му треба помош од телохранител особено кога доаѓа на стадионите.

Така сопственикот на клубот Дејвид Бекам многу брзо реагираше и ангажираше човек кој будно го следи Лионел Меси, па дури и навивачите забележаа дека тој е на речиси сите фотографии и видеа кои ги прават пред натпреварите на Интер.

Телохранителот, чиј идентитет не се открива, не го пушта Месија дури сам да оди во тоалет.

Покрај тоа што има за задача да го смири хаосот околу Меси, безмилосниот телохранител има задача и на натпреварите, може да се види како трча по Лео покрај теренот и се грижи никој да не притрча да го гушне.

ПретходноНенад Мишковски: Вардар има обврска на секој меч да оди на победа
СледноСтигна убава вест: Струга Трим Лум ќе го пречека БреидаБлик во Охрид