Никола Глигоров си заминува, Саша Илиќ доаѓа во стручниот штаб на Благоја Милевски

811

Промени во стручниот штаб на А репрезентацијата на Македонија. Селекторот остана ист, но неговиот стручен штаб претрпува промени.

Од сега Благоја Милевски нема повеќе да соработува со Никола Глигоров, кој што беше него помошник. Предмалку оваа информација на потврдија од ФФМ, дополнета со изјава од страна на самиот Глигоров.

„Улогата на асистент во стручниот штаб ја извршував со многу гордост, амбиција и оптимизам. Впрочем, како што тоа го правев и во годините кога настапував и како фудбалер. Му благодарам на селекторот Милевски за довербата. На сите во тимот им посакувам многу среќа и успех. Од мене секогаш ќе имаат максимална поддршка за да ги постигнат резултатите кои сите ги посакуваме“ – рече Глигоров.

Од друга страна пак, на местото на веќе заминатиот тренер на голманот, Томе Пачовски, пристигнува некогашниот репрезентативен голман на Македонија, Саша Илиќ. Тој долго време веќе работи како дел од ФК Вардар, а ете сега добива шанса и во националниот тим.

„Благодарност за укажаната доверба. Имам мотив и доволно искуство преку работа во репрезентацијата да придонесам за напредок на тимотЦелосно ги разбирам предизвиците со кои се соочуваме во овие чувствителни моменти и подготвен сум да помогнам. Ги познавам голманите во тимот, имаме квалитет, а наша заедничка цел е да бидат подобри и постојани во настапите“ – изјави Илиќ.

 

ПретходноУО на Ракометната федерација со одлука: Редовното собрание на РФМ на 2 септември!
СледноЕ. Пелистер заврши на 6. место на турнирот во Добој!