Познат „возниот ред“ на новата НБА сезона: Денвер тргнува против Лејкерс, Лука против Вембањама

127

НБА лигата утрово го објави распоредот за новата сезона. Шампионот Денвер Нагетс одбраната на титулата ќе ја започне на домашен терен во меч против ЛА Лејкерс на 24 октомври.

Исто така на првиот ден од регуларниот дел, Феникс ќе игра на гости кај Голден Стејт.

На 25 октомври, Бостон ќе ја посети легендарната арена „Медисон Сквер Гарден“, каде ќе се сретне со Њујорк. Истиот ден, францускиот феномен Виктор Вембањама ќе дебитира во НБА на домашен терен во Сан Антонио против големата европска ѕвезда со подолг стаж во лигата, Лука Дончиќ и неговиот Далас.

На 26 октомври, Филаделфија ќе ја отвори сезоната под водство на новиот тренер Ник Нурс против Милвоки.

На Божиќ, ќе се играат дуелите Њујорк – Милвоки, Мајами – Филаделфија, ЛА Лејкерс – Бостон, Феникс – Далас и Денвер – Голден Стејт.

ПретходноМонфис повторно беше лесен плен за Новак, Алкараз се намачи за четвртфинале
СледноИнтер пред нос им го краде Павар на Манчестер Ј. и Арсенал?