Првиот човек на европската одбојка Боричиќ доаѓа во Скопје на отворањето на ЕП 2023

143

Првиот човек на европската одбојка, претседателот на ЦЕВ, Александар Боричиќ и потпретседателот на Европската одбојкарска конфедерација, Италијанецот Ренато Арена најавиле доаѓање во Скопје на отворањето на натпреварите од групата „Ц“ на Европското првенство чиј ко-организатор е Македонија.

На 30 август во СЦ „Борис Трајковски“ ќе се одигра првиот меч во групата меѓу Македонија и Данска, а на мечот лично ќе присуствуваат првите две фигури на европската одбојка.

„Сеопфатно се подготвуваме за она што не чека на Европското првенство. Веќе сме во завршна фаза и сега ги правиме последните протоколи за доаѓањето на гостите. На наше големо задоволство првиот човек на ЦЕВ, Александар Боричиќ и потпретседателот Ренато Арена потврдија дека ќе бидат присутни на отворањето на ЕП во Скопје на мечот меѓу Македонија и Данска“, ни потврди генералниот секретар на ОФМ, Зоран Карановиќ.

Македонија доби историска шанса да биде организатор на сениорско одбојкарско првенство во машка конкуренција и се надеваме дека ќе се покажеме како добри организатори и домаќини со полна сала барем на натпреварите кои ќе ги игра нашата репрезентација.

ПретходноШК АЛКАЛОИД атакува на двете шампионски титули во екипна конкуренција
СледноГазета Дело Спорт: Спалети ќе ја води Италија во Скопје против Македонија