РФМ ќе ги награди кадетите со 1 милион денари за освоеното 9. место на СП!

90

Раководството на Ракометната федерација на Македонија, како што тоа беше и пракса досега кога се имаше успеси, да ги награди нашите кадети со 1 милион денари за освоеното 9. место на штотуку завршеното СП во Хрватска.

Управниот Одбор на РФМ одреди парична награда во вкупна вредност од 1.000.000,00 денари за машката кадетска ракометна репрезентација (стручен штаб и ракометари родени 2004 и помлади), за освојување на 9-тото место на 2023 IHF Men’s Youth World Championship MU19 во Хрватска“, стои во соопштението на РФМ.

Секако дека ова е потврда за тоа дека РФМ знае како треба да се однесува кога станува збор за успесите на нашите ракометни селекции.

ПретходноЏани асистираше, па дехидрираше…. се е во ред со нашиот репрезентатиец
СледноУО на Ракометната федерација со одлука: Редовното собрание на РФМ на 2 септември!