Се огласи и поранешниот претседател на ФК Љуботен: Вистинските сопственици не можат да играат на своите стадиони!

660

Се чини дека станува драматична состојбата со играњето на Градскиот стадион во Тетово. Неколку клубови од градот под Шара, пред се ФК Тетекс побараа своите мечеви да ги играат на овој стадион, но сепак градските власти не дозволуваат.

Па така засега само ФК Шкендија има право да игра на Градски во Тетово.

По сето ова се огласи и поранешниот прв човек на ФК Љуботен, Мирко Видоески со свој статус на Фејсбук.

Ви го пренесуваме во целост:

Вистинските сопственици не можат да тренираат и играат на своите стадиони, ФК Љуботен на “стариот”, a ФК Тетекс на “новиот” градски стадион! Ова е присвојување на туѓа сопственост! Стариот стадион е изграден од ФК Љуботен во 1936-38 година на земјиште купено од ИВЗ од тогашниот претседател Нико Гогов којшто го подарил на клубот. Стадионот по Втората светска војна е национализиран и станал градски, а Новиот градски стадион сите знаат дека е изграден во 1979-1981 година по заслуга на Стојан Ѓорчески и со најмногу финансиски средства од комбинатот Тетекс, којшто учествувал со 79% од средствата, комбинатот Југохром Јегуновце со 12%, другите тетовски претпријатија со 6% и Општина Тетово со 3%. И сега оној што дал најмалку, Општина Тетово се прави газда на стадионот. Човекот од село Ларце одлучува за градот, а човекот којшто е најмногу заслужен, Стојан Ѓорчески никој не го спомнува. Ова се вика демокрација“.

ПретходноПромоција: Ливерпул се пофали со Јапонецот Ендо! (ФОТО+ВИДЕО)
СледноМакедонија У-17 ќе игра пријателски со Кипар, а Македонија У-15 против Турција!