Сити се повлече од преговорите за Пакета – против играчот е отворена истрага за обложување

409

Иако се зборуваше дека Лукас Пакета од Вест Хем ќе премине во Манчестер Сити, сепак, тоа нема да се случи. И тоа поради скандал, кој „исплива“ денеска, кога е покрената истрага против фудбалерот затоа што наводно ги прекршил правилата за обложување.
„Чеканите“ се надеваа на 82 милиони евра од продажбата на Бразилецот, но засега прекинот на преговорите е „забранета тема за зборување“ од страна на двата клуба. Вест Хем чека информации од ФА, а наводно се работи за сомнителни уплати извршени во Бразил, неговата татковина.
Во Англија на фудбалерите им е забрането да се обложуваат на спортски натпревари. Фудбалерот на Брентфорд, Ајвон Тони беше казнет 8 месеци поради обложување.

ПретходноБајевски се повлече од функцијата спортски директор во Вардар
Следно„Чајка“: Јапонците не збришаа во три сета, Египет ја победи Грција