Некогашниот пилот во Формула 1, Бразилецот Фелипе Маса достави судска тужба со која сака да биде прогласен за шампион во Ф1 шампионатот во 2008 година. Адвокатите на поранешниот Ф1 возач официјално поднесоа тужба против шефовите на Ф1 и ФИА, барајќи значителна отштета.
Како што се наведува во тужбата, Маса претрпел штета како резултат на наводен „заговор“ кој му ја одзеде шампионската титула во 2008 година. Според Ројтерс, во тужбата за отшета се вели дека на Бразилецот незаконски му била одземена титулата како резултат на постапките на повисокото раководство, што го чинело десетици милиони евра загубени приходи и бонуси.
Забележано е дека Маса ги информирал своите адвокати во Велика Британија, Бразил, САД, Швајцарија и Франција. Тужбата е задолжително формално правно известување, чие поднесување е потребно за започнување на судски спор.
Формула 1 и ФИА одбија официјални коментари, наведувајќи го фактот дека шампионатот моментално е на летна пауза. Инаку, во 2008 година шампионската титула ја освои Хамилтон, што беше и негова прва Ф1 титула во кариерата.