ФК Тетекс: Секоја општина го помага спортот, ние немаме денар видено!

587

По се она што се случуваше на релација ФК Тетекс – Општина Тетово, за тоа дека на овој клуб, еден од нашите фудбалски брендови му се забрането да игра на Градскиот стадио, денеска се одржа прес конференција.

Покрај другите, спортскиот директор на ФК Тетекс, Бобан Мишевски имаше што да каже на оваа тема:

Од денес почнуваме со борба преку нашите институции, ќе се запознаат сите фактори, народен правобранител, меѓународна заедница, амбасада, Комисија за антидискриминација. Од март бараме средба за да се реши овој проблем, немаме добиено одговор, што уште да чекаме. Второ коло веќе играме, дали треба уште да се чека. Има комуникација со општина Тетово, ама тоа останува на тоа дека ќе биде теренот во Сараќино, ама што дотогаш. Бараме писмени гаранции дека клубот ќе може да се натпреварува на Градскиот стадион, зошто да не го користиме стариот градски стадион, да видиме дали има договор кој било клуб, зошто не и Тетекс. И ако нема, зошто само еден клуб може да го користи тој терен. Во Сараќино ништо не е почнато. Секоја општина помага во спортот, ние немаме денар виден

Мишевски нагласи дека и покрај тоа што е започната правната процедура, се бара состанок на сите клубови со општината и наведе примери како во некои други градови по неколку клубови играле на ист стадион:

Општина вели дека Градски стадион е само за прволигашки екипи, па ЖФК Љуботен е Прва лига. Како е осмислено дека само прволигашка екипа може да го користи. Таму е јасно наведено дека 24 часа пред одигрување на прволигашки натпревар не може да се користи теренот. Може да играме во гости кога другите ќе бидат домашни. Има примери каде што се користи ист терен, пример Воска и Охрид, пример Караорман и Струга, не гледам зошто е проблем. Бараме средба со сите клубови, градоначалникот и млади и женски клубови и да се најде решение да се најдат термини да се тренираат на овој терен тука. На тој терен не може да се излезе од нашите простории. Ограден е и само го користи екипата на првиот тим на Шкендија. Единствено нешто што бараме во моментов е само разумен договор каде што ќе може да се излезе и да се тренира на овој терен, поточно стариот Градски стадион. На овој терен секогаш без никаков проблем тренирале првите тимови на Тетекс, Шкендија, прв тим на Љуботен, младите категории на овие три споменати клубови дури и една школа без никаков проблем со добра координација. Немало апсолутно никаков проблем“

 

ПретходноМухамед Елмас: Големиот талент на Работнички потпиша за Гостивар!
СледноШкендија официјално го врати Ардијан Цуцули како функционер во клубот