Фљамур Таири – капитенот на Струга ТЛ: Ова се историски моменти за клубот, за сите нас…сакаме пласман во групна фаза!

135

Струга Трим Лум, клуб кој постои само 8 години вчера дојде до историски успех. Го елиминира Есперанж, шампионот на Луксембург со вкупни 4:3 и успеа да се пласира во плеј – офот во Лигата на Конференции.

Секако дека по мечот имаше големо славје во таборот на нашиот шампион, а свој коментар даде и капитенот на стружани, Фљамур Таири кој во игра влезе во 79.минута на местото на Мазрекај.

Јас сум дел од Струга ТЛ од нејзините почетоци. Од година во година растеме како клуб, а еве во оваа испишавме историја. Ова се историски моменти за клубот, за сите нас кои сме во Струга ТЛ. Секако дека сите сме возбудени по пласман во плеј – офот, но тука не запираме, зошто да не се пласираме и во групната фаза?“ се прашува искусниот играч за врска.

Инаку тој по мечот јавно им се заблагодари на сите свои соиграчи на херојската битка на теренот на стадионот во Луксембург.

Секако, за ова достигнување, сакам да им се заблагодарам на сите фудбалери, бидејќи вечерва покажаа невиден натпреварувачки дух, се жртвуваа сите, дури и оние кои играа од првата минута, и оние кои беа вклучени во играта од клупата, покажаа ентузијазам, извонредна подготовка и благодарност до сите“ заврши Таири.

ПретходноМакедонија У-17 ќе игра пријателски со Кипар, а Македонија У-15 против Турција!
СледноНенад Мишковски: Вардар има обврска на секој меч да оди на победа