Екипата на Челзи сезонава ќе изгледа не како реновиран тим, туку како сосема нов. На Стемфорд Бриџ доведоа летово голем број на играчи, си заминаа можеби и повеќе, а последен во редот на оние кои ќе се обидат да ја свртат ситуацијата во клубот, е 19. годишниот Белгиец, Ромео Лавиа.
Тој е дете на Андерлехт, кој потоа замина во Манчестер Сити, за да изминатата сезона одигра триесетина мечеви за тимот на Саутемптон.
Игра на позицијата последен играч за врска, и е веќе А репрезентативец на Белгија. Важи за еден од најперспективните играчи на неговата позиција.