Челзи има голем проблем: Се повреди капитенот Џејмс, го очекува долга пауза

201

Лошите вести за Челзи продолжуваат и покрај зголемената трансфер офанзива во последните денови.

Од клубот беа пријавени нови повреди на двајца дефанзивци, а еден од нив е и новиот капитен Рис Џејмс. Тој се повреди на тренинг и според „Гардијан“ станува збор за мускулен проблем во задниот дел на бутот, повреда која е сериозна и дефанзивецот нема да игра со месеци.

Поради ваквата повреда Џејмс ги пропушти последните 7 натпревари од минатата сезона, а неговото потенцијално долго отсуство сега ќе биде многу сериозен проблем за менаџерот Маурисио Покетино.

Повредата на Чалоба можеби не е толку сериозна, но и кај него се очекува отсуство од неколку недели.

ПретходноФелипе Маса ја тужи Формула 1 и бара да биде прогласен за шампион во 2008 година!?
СледноКој е Бреидаблик? Тим со само двајца интернационалци, капитен пекар и најмодерен тренинг центар со 10 терени