Шахтјор Доњецк мечевите како домаќин во ЛШ ќе ги игра во Хамбург! (ФОТО)

108

И официјално е потврдено. Украинскиот Шахтјор Доњецк своите натпревари како домаќин во Лигата на Шампионите ќе ги игра во Хамбург, на стадионот “Фолкспарк“ каде што настапува и некогашниот европски гигант и европски првак, тимот на Хамбургер.

Ова значи дека фановите на фудбалот во овој германски град ќе имаат можност да гледаат во живо екстра квалитетни мечево во најквалитетното европско фудбалско натпреварување.

Инаку јасно е зошто Шахтјор ќе игра надвор од својата земја. Агресијата на Русија врз Украина и натаму трае и засега нема шанси да се играат вакви мечеви во таа земја.

Кога сме кај стадионот да кажеме дека од 2018 година тој е дом на Хамбургер, капацитетот за меѓународни мечеви му е 52.000 места а следната година на овој стадион ќе се играат и дел од натпреварите на ЕВРО 2024 година.

ПретходноВардар 1961 преку Гуиф завери финале во Струга
СледноОФИЦИЈАЛНО: Спалети на чело на „Аѕурите“