Шкендија на 9 септември на „Лидл Арена“ во Швајцарија ќе ги одмери силите со Вил во пријателски натпревар на кој ќе му претходи богата културно-уметничка програма.
Двата клуба потпишаа договор за развој, кој го клучува пријателскиот натпревар со културно-спортски и забавен карактер за дијаспората која живее и работи во Швајцарија и пошироко.
На пријателскиот дуел Вил-Шкендија ќе му претходи богата културно-уметничка и спортска програма, каде пеливани од Македонија ќе настапат во присуство на олимпискиот шампион, Шабан Трстена.