Со работни задачи во одделот за спорт, односно, како човек кој што ќе биде задолжен како за трансфер политиката, но и за развој на младинската школа, како и ред други работи поврзани со ФК Шкендија, Тетовци официјално го враќаат Ардијан Цуцули во клубот.
Некогашниот капитен и стандарден првотимец на тимот, како и А репрезентативец на Македонија се враќа во Шкендија како дел од новите раководни структури кои ќе се обидат да го вратат клубот на организациско ниво каде што му е местото.
Шкендија летово претрпе промени што се однесува до управата, која беше сменета во целост по неуспесите во Европа. Па така, Цуцули е еден од оние кои доаѓа како новитет, и кому ќе му бие дадена одговорност на повеќе полиња.