Германскиот шампион Баерн Минхен со победа ја отвори сезоната во Бундес лигата. „Баварците“ славеа со 4:0 на гостувањето кај Вердер. Висока и заслужена победа на Баерн кој можеше да слави и поубедливо затоа што имаше и две стативи. Од првата минута за Баерн играше новото напаѓачко засилување Хари Кејн. Искусниот Свен Улрих го чуваше голот место повредениот Ноер.
Уште во 4. минута Kejн префрли напред до Лирој Сане кој истрча сам пред противничкиот голма и ја погоди неговата мрежа. Седум минути подоцна Никлас Фулкруг изедначи но голот беше поништен поради офсајд на реакција од ВАР собата.
Во 21 минута Баерн не успеа да зголеми, поточно шутот на Мазруи заврши во левата статива. И во 59 минута, Коман убави прими топка на шеснаесет метри, а неговиот шут заврши во десната статива.
Во 75 минута, Хари Кејн со шут по земја зголеми на 2:0 за Баерн. Тоа е негов дебитантски гол во вториот настап за „Баварците“ по неколкуте минути кои ги доби во Суперкупот на Германија пред една недела.
Во 90 минута Сане зголеми на 3:0, а три минути подоцна 18-годишниот Мати Тел ги постави конечните 4:0.
ГОЛОТ НА ЛИРОЈ САНЕ НА ОВОЈ ЛИНК
ГОЛОТ НА ХАРИ КЕЈН НА ОВОЈ ЛИНК
Harry Kane’s first goal for Bayern Munichpic.twitter.com/jnbmJIEpCX
— FootColic ⚽️ (@FootColic) August 18, 2023
Leroy Sane gets doubles. Werder Bremen 0-3 FC Bayern Münchenpic.twitter.com/mu5wL4WZH9
— FootColic ⚽️ (@FootColic) August 18, 2023