Ракометарите на Е. Пелистер, во меч кој почна во 12 часот денеска, во битката за 5.место на турнирот во Добој беше поразен од ППД Загреб со 24:26.
Па така нашиот шампион на крајот заврши како шести.
Во првото полувреме хрватскиот тим бил подобар, на пауза се заминало со водство на ППД Загреб со 16:13, во тие моменти се истакнале Чупиќ и Дибиров, екс ракометарите на Вардар.
Во второто полувреме битолчани играле подобро, противникот својот прв гол го постигнал дури во 7.минута, се играло гол за гол, но сепак на крајот ППД Загреб успеал да триумфира со резултат 26:24.
Најефикасен на мечот бил Чупиќ со 8 голови, додека во нашиот тим тоа бил Кузмановски со 6 голови.