Дефанзивецот на Баерн Минхен, Бенџамин Павар, на крајот на летната трансфер сага може да заврши во тимот на Интер и покрај сериозниот интерес кој за Французинот го имаат англиските тимови, Манчестер Јунајтед и Арсенал. „Црвените ѓаволи“ веќе испратија понуда за дефанзивецот која беше одбиена од раководството на германскиот клуб.
Изненадувачки во борбата за потписот на Павар се вклучи и Интер. Италијанскиот клуб испрати и своја официјална понуда до Баерн, која во моментов се разгледува. Понудата на Италијанците е во висина од 25 милиони евра.
Интересно е што Французинот ја прифатил понудата за личните услови која до него ја испратиле од Интер, па тоа веројатно сега го прави миланскиот гигант фаворит за неговиот потпис.